More

    Дали бизнисмените на ОАЕ ќе инвестираат во земјава?

    spot_img

    Предностите за инвестирање во Македонија, кои произлегуваат од геостратешката положба на државата и од склучените мултилатерални договори за слободна трговија, но и од пристапот до европскиот пазар, кои, секако, носат предности за компаниите што се регистрираат во нашата држава, беа дел од излагањето на потпретседателот на Стопанската комора Виктор Мизо пред потенцијални инвеститори од ОАЕ на бизнис конференцијата одржана во рамки на „Дубаи експо 2022“.

    Како што соопштија од Комората, Мизо се задржа и на искуството што го имаат странските инвеститори во државата и на другите аспекти на поддршка на приватниот сектор и условите за водење бизнис.

    Во рамките на посетата се реализираа повеќе средби со релевантни, високи, државни претставници на ОАЕ, како и со претстваници на деловната заедница.

    Извршниот директор на Комората, Антони Пешев, во рамки на посетата на настанот се сретна со претседателите на коморите во ОАЕ: Стопанската комора на Дубаи (Dubai Chamber of Commerce), Комората на Абу Даби (Abu Dhabi Chamber of Commerce), како и со претседателот на најстарата комора во ОАЕ, Комората на Шарџа (Sharjah Chamber of Commerce).

    На средбите се дискутираше за потенцијалната соработка меѓу македонските компании и компаниите од Обединетите Арапски Емирати.

    Претставниците на компаниите од ОЕА покажаа особен интерес за инвестиции во агропрехранбениот сектор, туризмот, енергетиката, како и за инвестиции во напредни технологии.

    Делегација на Стопанската комора е во состав Антони Пешев, извршен директор, и потпретседателите на Комората: Виктор Мизо („Костал“),  Драгана Дамјановиќ-Чифлиганец („Адора инженеринг“), Глигор Цветанов („Макпрогрес“), Сашо Наумоски („Витаминка“) и Анета Димовска, менаџер во Комората, оствари посета на „Дубаи експо 2020“.

    Делегацијата присуствуваше на формалното одбележување на македонскиот националниот ден.

    Посетата на „Дубаи експо 2020“ за членовите на делегацијата на Стопанската комора наедно и претставници од реномирани компании членки, е одлична можност на големиот број неформални средби, како и на Б2Б-средбите што се реализираа по завршувањето на конференцијата, да ги оценат можностите за пласман на сопствените производи на пазарот во ОАЕ, но и да се стекнат со нови сознанија за напредните технолошки решенија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img