По повод десет години од потпишувањето на Бриселскиот договор меѓу претставниците на Белград и Приштина, министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека „денес како да ја доживуваме колективната амнезија на некои западни земји“, бидејќи Европскиот парламент одобри визна либерализација за Косово иако не исполни ниту една точка од тој договор.
Дачиќ за телевизија „Прва“ изјави дека Србија во принцип не е против визната либерализација за Косово, туку дека е избран моментот „кога тоа изгледа како награда за нешто“, иако Косово не ги исполнило своите обврски, од кои прва е воспоставувањето на Заедницата на српските општини.
Запрашан дали е корисно Србија да учествува во дијалогот со властите во Приштина, со посредство на Европската унија, Дачиќ рече дека „ако можеме да повлечеме линија, корисно е Србија да учествува во дијалогот“.
„Не сакаме да зборуваме за статусот на Косово, целата таа приказна е статусно неутрална“, рече Дачиќ.
Дачиќ рече дека Заедницата на српските општини ќе биде „првата форма на самоорганизирање на Србите на Косово“ и првата „автентична организација“, бидејќи до сега „на Косово имало само српски органи“.
Тој, исто така, рече дека потегот на властите во Приштина да ги пререгистрираат автомобилите, што доведе до тоа Србите да ги напуштат косовските институции, е „чист каприц“, со желба да предизвикаат немири.