Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и кандидатката за претседателка Гордана Силјановска Давкова утринава присуствуваа на велигденска богослужба во Соборниот храм во Скопје.
„Ќе ми дозволите да го честитам на сите православни христијани овој голем ден, значаен дел, Христовото Воскресение. И да им посакам хармонија, спокој, ним и на нивните семејства. Сакам да го посакам на сите граѓани во Македонија, насекаде во светот без разлика на верската припадност. За нас православните христијани Христовото Воскресение е многу значаен ден и во име на тоа дозволете денеска да уживаме во мирот, во спокојот. И да се обединиме, да се сплотиме бидејќи како народ и како нација тоа ни е потребно во деновите, месеците, и годините кои што следат“, порача Мицкоски.