More

    Да се поведе судска постапка за идентитетскиот геноцид врз Македонците со договорите со Грција и со Бугарија, предлага Коцарев

    spot_img

    „Дали е можно да се поведе постапка за геноцид врз Македонците водејќи се од ‘дејствата извршени со намера да се уништи, целосно или делумно, национална, етничка, расна или религиозна група како таква’?

    Дали е доволно за поведување судска постапка повикувањето на ‘предизвикување сериозни телесни, или умствени повреди на членовите на групата’?

    Дали насилното ревидирање на македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската историја, што го прават договорите со Грција и со Бугарија и Преговарачката рамка со ЕУ не предизвикува сериозни умствени и духовни повреди на Македонците, што се пројавуваат и со физички повреди?

    Тоа што денес нам, на Македонците, ни се случува за многумина е културен, идентитетски геноцид, без разлика дали некогаш воопшто ќе се води судска постапка. Ги убиваме сопствените внуци и нивните деца, ги убиваме како поддршка на политиките за натамошната демакедонизација на Македонија и создавање нова ‘лабораториска нација’.

    Не молчете, – кој молчи, тој се согласува. Сега е време кога треба да се зборува, да се пишува и да се дејствува“.

    Ова го пишува академик Љупчо Коцарев од Македонската академија на науки и уметности (МАНУ) во својата колумна со наслов „Повик за отпор“,  која ја објави весникот „Нова Македонија“.

    Покрај другото, Коцарев пишува:

    „Тргнувајќи од потребата за проактивен одговор на дипломатската офанзива однадвор и понизниот и заплашувачки пристап однатре, но и од нужноста Македонија достоинствено и подготвено да одговори на неправдите, денес ќе пишувам за правното, историското, социјалното и фигуративното значење на терминот геноцид.

    Целата колумна прочитајте ја ТУКА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img