. Ова е одлучено на денешната средба на министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска со претседателката на Сојузот на пензионери, Станка Трајкова и претседателите на здруженијата на пензионери од Прилеп, Штип и Охрид.
Работната група треба да работи на решенија кои ќе бидат одржливи, кои не ја нарушуваат стабилноста на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување и кои пред се ги почитуваат потребите на пензионерите.
Во составот на групата ќе бидат претставници од Министерството за труд и социјална политика, претставници од Владата и Сојузот на пензионери и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување.
На средбата, kojaсе реализира ден по протестот на пензионерите кои побараа линеарно зголемување на пензиите и минимална панзија од 18.000 денари, министерката посочи дека во периодот кој што следи ќе се интензивираат средбите со пензионерите во сите градови во државата. Според неа тоа ќе биде можност за давање на предлози кои ќе бидат основ во креирање на решенија и предвидување на потребните законски измени за барањата да бидат реалност.
Таа посочи и дека во изминатиот период Mетодологијата за пораст на пензиите и мерките за поддршка на пензионерите кои се дел од ранливата категорија на граѓани се донесени заедно со Сојузот на пензионери. Таа истакна дека работата на министерството за труд и социјална политика со Сојузот во изминатиот период не беше во мирување туку напротив во континуитет се работи на решение за утврдување на износ на минимална пензија.
Тренчевска на крајот од средбата истакна дека Министерството ќе вети само исполнување на решенија кои навистина ќе можат да се спроведат, затоа што според неа зборот даден кон граѓаните секогаш треба да биде целосно реализиран.