More

    „Да имаа болест ние самите ќе ги уништевме“

    spot_img
    Сточарите од кумановските села Љубодраг, Умин Дол и Ново Село и денеска протестираа со двочасовна блокада на стариот регионален пат Куманово-Скопје. Тие уште еднаш побараа средба со надлежни институции и повторно испитување на свињите. Жителите повторија дека уништувањето на свињите е неосновано и оти освен во една фарма, во останатите нема потврдено случај на африканска свинска чума.
    – Да има болест ние ќе ги уништиме, свесни сме дека е штетно по здравјето, но нема ниту една свиња позитивна, тие сакаат да уништуваат – вели претседателот на месна заедница Љубодраг, Бобан Лазиќ.

    Жителите обвинуваат дека на овој начин се уништува ситниот земјоделец на сметка на корпорациите и обвинуваат дека на овој начин се штити увозот на сметка на домашното производство.

    Сточарите најавија протести и блокади и наредните денови. На денешниот протест се приклучија и сточари од други села од кумановско.

    Од Агенцијата за храна и ветеринарство, претходно известија дека дека неосновани се шпекулациите оти АХВ во населените места Љубодраг, Умин Дол и Ново Село во кумановско ќе врши евтаназија на сите свињи во одгледувалиштата.

    Болеста африканска чума кај свињите во кумановскиот регион досега беше потврдена во населените места Долно Коњаре, Куманово, село Арбанашко и Љубодраг и кај угинати свињи кои беа најдени на депонија во близина на село Никуштак Липковско.

    Од АХВ, претходно посочија дека и во кумановско продолжува спроведувањето и на контролните и заштитните мерки дефинирани со донесените решенија за спроведување на контролни и заштитни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите како што се вонреден попис на одгледувалиштата, идентификација на свињите, спроведување на клинички прегледи и земање на мостри за лабораториско испитување. Според последните податоци, со мерката за депопулација досега се опфатени вкупно 3.500 свињи. Од нив 3.344 се евтаназирани, а 156 се испратени на колење за економско искористување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img