More

    д Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ ќе спроведат тактичко – показна вежба во Охрид

    spot_img

    Полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Министерството за внатрешни работи, денеска и утре од 11 часот, на потегот од каналот „Студенчишта“ кон пешачката патека во Охрид, ќе спроведат тактичко – показна вежба. Се работи за редовна вежбовна активност на Единицата во која ќе се вклучи и Хеликоптерската единица на МВР, а целта е јакнење на професионалните компетенции на припадниците на Единицата за зголемена ефикасност и ефективност во борбата против криминалот и подигнување на безбедноста на граѓаните и државата.
    Пред почетокот на вежбата, полициски екипи ќе извршат обиколка и обезбедување на поширокото подрачје каде ќе се изведуваат вежбовните активности со цел оневозможување влез на граѓани на подрачјето. Упатуваме апел до граѓаните, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат на подрачјето каде ќе се изведува вежбата и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.
    Вежбовни активности на Специајалната антитерористичка единица „Тигар“ во Охрид ќе има и во текот на идната недела за што, навремено ќе ја информираме јавноста.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img