CNN: Западот планира да ја ограничи цената на руската нафта, што ќе ги намали цените на горивото

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Западните лидери кои се собраа на состанокот на Г7 одлучија да се обидат да ја ограничат цената на руската нафта, изјавија неименувани официјални лица за Си-Ен-Ен.

Се уште не се знае како, кога и колку ќе се ограничи цената на руската нафта, а се уште се работи на прецизен механизам за воведување рестрикции.

„Целта овде е да се изгладне Русија, да се лиши Путин од неговиот главен извор на готовина и да се намали цената на руската нафта за да се ублажи влијанието на војната на Путин врз цените на горивото“, рече висок претставник на американската администрација.

Бидејќи цените на нафтата драстично пораснаа, приходите од руската нафта всушност растат и покрај санкциите. Западните лидери сакаат да ги намалат приходите на Русија од земјите кои сè уште ја купуваат нејзината нафта.

Не е јасно како тие имаат намера да го направат ова. Неименуван функционер му предложи на Си-Ен-Ен дека земјите од Г7 имаат влијание преку мрежите за транспорт на нафта што би можело да помогне во спроведувањето на ограничувањата, пренесува Индекс.

Share This Article