Едногодишно бебе е извлечено на чудо од под урнатините 53 часа по земјотресот што во понеделникот ги погоди јужните делови на Турција, јавува Анадолија.Членовите на спасувачките тимови успеале да го извлечат бебето од под урнатините на зградата во градот Шанлиурфа.
Бебето преживеало со полесни повреди и било пренесено во болница.Шанлиурфа е еден од десетте турски градови кои беа тешко погодени од два силни земјотреси.
Најмалку 6.234 лица загинаа како последица на разорните земјотреси што вчера ги погодија јужните региони на Турција, потврди Управата за вонредни ситуации (АФАД). Во разорните земјотреси на југот од земјата повредени се 37.011 лица.
Повеќе од 8.700 луѓе загинаа, а десетици илјади се повредени во земјотресите што во понеделникот ги погодија Турција и Сирија, според официјалните податоци.
Епицентарот на земјотресот е регистриран во областа Пазарик во Караманмарас.