Човековидниот робот опремен со вештачка интелигенција, „Аи-Да“ наслика портрет на кралот Чарлс III

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Човековидниот робот опремен со вештачка интелигенција, „Аи-Да“ наслика портрет на кралот Чарлс III. Оваа слика се нарекува „Крал на алгоритми“ и е презентирана како дел од самитот „Вештачката интелигенција за добро“, спроведен од Обединетите нации во Женева, Швајцарија.

Роботот „Аи-Да“ е именуван по британската математичарка и пионерка на компјутерите, Ада Лавлејс. Создаден е во 2019 година и беше претставен на Универзитетот Оксфорд. Создавачот, пак, е британскиот трговец со уметнички дела и сопственик на уметничката галерија, Ејдан Мелер.

Роботот е развиен во Велика Британија од тим инженери и програмери, а користи напредни ВИ-алгоритми, роботски раце и камери за да ги создава уметничките дела.

„Моето присуство овде го одразува заедничкото патување во нови облици на изразување и прашањата што тие ги покренуваат во идентитетот, авторството и суштината на уметноста. Привилегија е да бидам дел од овој извонреден настан во Обединетите Нации, опкружен со оние кои ја обликуваат иднината на технологијата и културата“, соопшти роботот.

За платинестиот јубилеј во 2022 година, роботот „Аи-Да“ наслика портрет и на покојната кралица Елизабета II, што беше воедно и првиот портрет на член на кралското семејство насликан од човековиден робот.

„Претставувањето на мојот портрет на кралот Чарлс III не е само креативен чин, туку и изјава за еволутивната улога на ВИ во нашето општество и размислување за тоа како ВИ го обликува културниот пејзаж. Клучната вредност на мојата работа е во својството да послужи како катализатор за дијалог за новите технологии“, додаде роботот.

Минатата година, ВИ-портрет на американскиот математичар Алан Тјуринг беше првотo ВИ-уметничко продаден на аукција, достигнувајќи понуда од повеќе од милион долари.

Share This Article