Јозеф Фрицл е прикажан надвор од затвор за прв пат, бидејќи бара условно ослободување по 15 години зад решетки.
Австрискиот монструм Јозеф Фрицл (88) по 15 години поминати во затвор од судот бара да биде условно ослободен. Тој за прв пат е фотографиран надвор од затвор, кога со полициско комбе во 7.20 часот на утро е изнесен од задниот дел на Окружниот суд Ландесгерихт. Според The Sun, тој бил придружуван од четворица полицајци.
Тој беше виден како пристигнува во судот на сослушување, како дел од неговата желба да биде ослободен од безбедното психијатриско крило на затворот Штајн. Монструмот би можел да биде пуштен да го отслужи остатокот од казната во старечки дом, откако му била дијагностицирана деменција.
Тој беше осуден на доживотен затвор во 2009 година, откако беше откриено дека ја заклучи својата ќерка Елизабета во подрумот на неговата куќа во Амштетен, Австрија на 24 години, со години ја злоставувал и ја силувал и со неа станал татко на седум деца.
Но, тој би можел да биде ослободен уште во март, доколку судовите сметаат дека тој повеќе не е закана.
Неговиот адвокат, д-р Астрид Вагнер, изјави за Сан пред сослушувањето:
– Планираме да го ослободиме од затворот во кој моментално се наоѓа. Тој е во опасен затвор и треба да го преместиме во нормален затвор, за да може да биде пуштен во старечки дом. Имаме нов психијатриски извештај во кој пишува дека не е опасен за никого. Малку се бори со деменција, но само малку. Имаше дојава дека излегол на кафе, но тоа не е точно, затоа што првото нешто што би го направил кога ќе излезе надвор е да пие австриско пиво. Тој сака да продолжи со процесот и е многу самоуверен. Тој вели дека тоа е во Божји раце, но и во мои раце – истакна за The Sun адвокатката на Фрицл, д-р Астрит Вагнер.
– Треба да има ново обвинение за ова. Тоа ќе се случи наскоро, бидејќи јас сум апсолутно убедена дека тој се справува со своите постапки многу интензивно, како завршување на терапијата и така натаму, и тој многу се кае за нив. За време на судењето, Фрицл се изјасни за виновен за силување, лажно затворање, убиство од небрежност и инцест. Фрицл ќе има право на условно ослободување во март оваа година според поблагите закони за казни во Австрија. Според локалните закони, затворениците за кои се смета дека се подготвени за условно ослободување може да бидат ослободени во зависност од нивното однесување и ментална и физичка состојба – изјави Вагнер.
Фрицл ја држел својата ќерка Елизабет заробена во новоизградениот подрумски комплекс 24 години, почнувајќи од 1984 година. Тој ја дрогирал и малтретирал ќерка си, ја силувал над 3.000 пати и со неа имал седум деца. Тој, исто така, не се двоумел да ги фрли во печка децата кои умреле при раѓањето. Три деца во подрумот ги одгледала нивната мајка, додека уште три монструмот Фрицл и неговата сопруга Розмари.
Фрицл ја убедил својата сопруга дека нивната ќерка побегнала за да се приклучи на секта. Во суров пресврт, тој ја натерал Елизабет да и пишува писма на Розмари, тврдејќи дека не може да се грижи за децата, барајќи од неа да ги воспитува. Нејзините маки завршиле во 2008 година кога најстарата ќерка на Елизабета, Керстин, тешко се разболела.
Во редок чин на милосрдие, Фрицл ја однел 19-годишната девојка во болница каде веднаш била префрлена на интензивна нега. Откако загрижената полиција упати апел до мајката на девојчето, Елизабет го молела нејзиниот татко да ја ослободи. Бизарно, тој се согласил да ја однесе во болница каде што можела сама да зборува со полицијата, откривајќи ги ужасите што ги преживеала низ годините. Нејзините први зборови биле: „Никој нема да ми верува“. По 11-часовното снимено сведочење на Елизабет, Фрицл беше уапсен и му беше изречена доживотна казна затвор.
Елизабет и нејзините деца сега живеат под различни имиња откако поминаа низ години терапија.