Со пцости и со закани овластени набљудувачи на изборите се спречени да влезат на избирачките места.
Порталот Република објави дека инцидентот е забележан во Радуша на избирачко место кое го обезбедува само еден полицаец и не може да воспостави ред.
На член на една политичка партија која учествува на изборите и овластен набљудувач од Сарај, Бошњак по националност, му ги дупнале гумите на автомобилот пред влезот во селото.