More

    Чипс и други закуски со вкус на скара и чадена сланина ќе бидат забранети ширум Европската унија

    spot_img

    Чипс и други закуски со вкус на скара и чадена сланина ќе бидат забранети ширум Европската унија, откако Европската управа за безбедност на храната (ЕФСА) утврди дека популарните вкусови за вештачки чад може да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.

    Имено, ЕФСА извести дека вкусот е поврзан со генотоксичноста, односно способноста на една хемикалија да го оштети генетскиот материјал на клетките.

    „Промените или мутациите на генетските информации во клетките може да го зголемат ризикот од развој на рак и наследни болести“ – информираа од ЕФСА.

    По испитувањата е заклучено дека „со ваков тип на токсичност не може да се дефинира безбедно ниво на арома“, па на крајот на април беше донесена одлука за целосна забрана.

    Секако, забраната за продажба на чипс со вкус на чадена сланина нема да се случи преку ноќ. Приспособувањето ќе трае две години во земјите-членки на ЕУ. После тоа, овие вкусови повеќе нема да бидат дозволени за употреба во земјите членки на ЕУ.
    Одлуката нема да влијае само на чипсот, бидејќи овие вкусови често се додаваат на месо, сирења, риба и сосови како што е сосот за скара.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img