Чија е Алијанса за Албанците – на Таравари или на Села?

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Откако сегашниот и поранешниот лидер одржаа конгреси за меѓусебно разрешување, сепак, на крајот Управниот суд ќе одлучи кој е претседател на Алијанса за Албанците.

Довчерашните пријатели и сопартијци Зијадин Села и Арбен Таравари се сменија еден со друг, а и двајцата тврдат дека се легитимни претседататели на партијата. Делегатите со 591 глас го избраа Зијадин Села повторно да ја води партијата.

Во петокот пак, исто така на вонреден конгрес на кој присуствуваше 421 делегат, крилото на Арбен Таравари го разреши Зијадин Села од функцијата претседател на Централното претседателство и го реизбра Таравари за лидер на Алијанса за Албанците.

Како што тврдат двете крила, двата партиски печати се кај двајцата претседатели. Се очекува да се поведе судска постапка пред Управниот суд за тоа кој ќе располага со нив односно и кој ќе биде легитимен претседател на партијата.

Расколот во Алијанса почна поради тоа што Таравари донесе одлука на изборите да оди со албанската опозиција, додека Села смета дека партијата треба да има самостоен настап.

Share This Article