More

    Чии 18 пратеници вредат повеќе – на СДСМ или на ДУИ?

    spot_img

    Државната изборна комисија, Комисијата за заштита на слободите и правата на граѓанинот, како и Комисијата за финансирање и буџет се трите собраниски тела чии претседатели ги назначува опозициската партија која на парламентарните избори освоила најмногу пратенички места.

    Но, со оглед на тоа што вчерашното прегласување во неколку општини ѝ откина еден пратеник на ДУИ и сега партијата на Али Ахмети има ист број пратеници (18) со партијата на Димитар Ковачевски, очигледно влегуваме во ситуација која би можела да значи почеток на нова „тепачка“ помеѓу ДУИ и СДСМ за тоа чиј кадар ќе претседателствува со комисиите.

    Секако, голема улога играат и прогнозите на ВМРО-ДПМНЕ дека најмалку двајца пратеници од коалицијата Европски фронт би преминале од опозиција на власт, но како што објаснуваат оттаму, тоа не значи дека ДУИ ќе падне на 15 пратеници, туку дека договорените пратеници ќе си останат во својата пратеничка група и ќе делуваат во корист на власта само по потреба.

    – Преговорите се во тек и со сигурност ќе има пратеници од опозицијата кои во иднина ќе соработуваат со власта. Засега се двајца од Европски фронт и двајца од коалицијата на СДСМ. Но, тоа не значи дека тие целосно ќе го променат дресот, туку ќе си останат во својата пратеничка група, ама ќе ја даваат поддршката за власта кога ќе има таква потреба. Тоа значи дека Европски фронт ќе влезе во Собрание со 18 пратеници, исто како и СДСМ – брифираат извори од ВМРО-ДПМНЕ.

    Според упатените, проблемот лежи во тоа што и во самиот собраниски Деловник нема прецизно толкување, односно не е предвидено како треба да се делува во ситуации кога повеќе опозициски партии имаат изедначен број мандати, туку е наведено само „претседател на комисија се избира од редот на пратениците од опозицијата“.

    Многу полесно ќе беше, додаваат тие, доколку имаше одредба: „претседател на комисија се избира од редот на опозицијата со најмногу пратеници или со најмногу освоени гласови на изборите“.

    Како што дознаваме од партиски извори, битката за освојување на претседателското столче во Државната изборна комисија веќе е започната, а најзаинтересирани за оваа позиција се Бојан Маричиќ од СДСМ и Кренар Лога од Европски фронт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img