More

    Четворица тинејџери, од кои тројца браќа и едно 15-годишно девојче се осудени пред шведскиот суд за убиство на 26-годишен маж што таа го обвинила за силување

    spot_img

    Четворица тинејџери, од кои тројца браќа и едно 15-годишно девојче се осудени пред шведскиот суд за убиство на 26-годишен маж што таа го обвинила за силување. Човекот што работел како таксист бил пронајден обесен во природниот резерват Енкопинг во централна Шведска во март годинава.

    Судот во Упсала изјавил дека поради претходните обвинувања во врска со девојчето, тој бил намамен таму со ветување за сексуални услуги. Тогаш нејзините браќа го совладале и неговото тело не било пронајдено цела недела, соопшти судот.

    Најстариот од тројцата браќа, кој во моментот на убиството имал 18 години, е осуден на доживотен затвор. Другите обвинети, сите малолетни во моментот на инцидентот, се осудени на од три до четири години во институција за млади престапници.

    Тројца браќа се прогласени за виновни за убиство. Но, за девојчето и нејзиното момче, кои имале 15 години кога се случило убиството, било утврдено дека не биле на местото на настанот и биле осудени за помагање во убиството.

    Телото на таксистот било пронајдено обесено на дрво. Судот заклучил дека убијците се обиделе да ја претстават смртта како самоубиство. Иако сите пет тинејџери негираа вмешаност, судот ги осуди врз основа на посредни докази презентирани од обвинителите.

    Разменетите пораки меѓу тинејџерите обвинителството ги изнесе како доказ дека се работи за убиство со умисла.

    На 20 март, четири дена пред да исчезне жртвата, девојката му напишала на пријател: „Моите браќа ќе се сретнат со мојот силувач“. Еден од браќата напишал: „Треба да го одработиме петок (денот на убиството)“, на што другиот брат одговорил: „ОК“.

    По убиството, еден од браќата со мобилниот телефон на жртвата префрлал пари од неговата банкарска сметка.

    Девојката пред судот изјавила дека не знаела дека браќата имале намера да го убијат човекот, велејќи дека само мислела дека ќе го претепаат. Но, Ларс Холмгард, претседател на Окружниот суд во Упсала, пресудил дека браќата го планирале убиството на човекот барем од моментот кога го купиле јажето пронајдено на местото каде што тој починал.

    -Планот мора да бил жртвата да биде обесена со јаже, смета судот – заклучил Холмгард.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img