More

    Четворица мажи обвинети дека украле златна клозетска шоља од замок

    spot_img

    Четворица мажи беа обвинети во понеделникот за кражба на златна тоалетна школка од страна на италијански уметник пред четири години, која била изложена на импозантното светско наследство на УНЕСКО во замокот Бленхајм на југот на Англија.

    Наречен „Америка“, тоалетот од 18-каратно злато има работна чинија, седиште и цистерна и е проценет на 4,8 милиони фунти (5,5 милиони евра).

    Тоалетната школка беше најважниот експонат на изложбата посветена во 2019 година на италијанскиот уметник Мауртицио Кателан одржана во барокниот замок од 18 век во Оксфордшир, каде што е роден Винстон Черчил.

    Државното правобранителство во понеделник го објави обвинението и соопшти дека четворицата ќе бидат изведени пред суд на 28 ноември.

    Ден по кражбата, полицијата објасни дека крадците ноќта меѓу 13 и 14 септември влегле во палатата и заминале рано наутро носејќи го скапоцениот тоалет, при што при кражбата направиле голема штета и поплавување.

    Тоалетот „Америка“ за прв пат беше изложен во музејот Гугенхајм во Њујорк во 2016 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img