Четиригодишно дете од Струмица во тешка здравствена состојба по физички напад, вчера било донесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Четиригодишно дете од Струмица во тешка здравствена состојба по физички напад, вчера било донесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Во 02.30 часот вчера во СВР Струмица било пријавено дека во струмичката Општа болница во 00.58 часот, во тешка здравствена состојба, било донесено четиригодишно дете. Тоа било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде од лекар, констатирано било дека детето било физички нападнато, појаснуваат од МВР.

За настанот бил информиран инспектор по малолетничка деликвенција од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Share This Article