More

    Четири пијалоци кои содржат помалку кофеин од кафето

    spot_img

    Кофеинот најчесто се внесува во организмот со конзумирање на пијалоци како кафе, одредени видови чаеви и енергетски пијалоци.

    Ако мислите дека треба да го намалите кофеинот, можете да пробате поздрави алтернативи кои содржат кофеин, но во многу помали количини.

    Билен чај
    Билни чаеви, како камилица, нане и ројбос, се вкусна и здрава алтернатива со малку кофеин, пишува Health Shots.

    Овие билни инфузии ќе ви помогнат да се смирите на крајот од денот, а за некои, тие можат да го олеснат и подобрат сонот, особено чајот од камилица, кој е познат по своите придобивки.

    Комбуха
    Комбухата е пенлив ферментиран чај кој најчесто се користи за медицински цели. Тоа е одлична опција за секој кој сака да консумира пијалок со малку кофеин.

    Според Health Shots, една шолја комбуха содржи 15 милиграми кофеин, што е значително помалку од пијалоците како кафе и некои видови чај.

    Овие пијалоци се подложени на екстракција со користење на различни процеси на декофеинирање, како што се методи засновани на растворувач, вода или јаглерод диоксид, за да се отстрани најголемиот дел од кофеинот додека се задржува суштината и вкусот на оригиналните зрна или листови.

    Кафето без кофеин ја задржува својата богата арома и вкус и нуди задоволувачка алтернатива за оние кои сакаат да уживаат во пиењето пијалок без придружните стимулирачки ефекти поврзани со кофеинот, пренесува Index.hr.

    Зелен чај
    Зелениот чај е можеби најпознатата и најпопуларна алтернатива на кафето. Една шолја зелен чај содржи помеѓу 30 и 50 милиграми кофеин, во споредба со кафето кое содржи помеѓу 80 и 100 милиграми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img