Четири месеци затвор доби Јусуф Енузи-Кока за инцидентот на плоштадот „Скендербег“, каде со пиштол марка Волтер модел Р 99 со калибар 9х19 мм, кој го поседувал со дозвола, предизвикал значителна опасност за животот или телото на луѓето, пишува ТВ21. Информацијата за телевизијата ја потврдиле членови на семејството на Кока.
Во моментов, тој е во домашен притвор се до стапување на правосилноста на првостепената одлука.
Претходно, Кока беше во притвор 8 дена, додека против него беше поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” предвидено и казниво по чл.288 од Кривичниот законик.