Четири деца загинаа утрово во пожар во стан во Нови Пазар, соопшти српското Министерство за внатрешно работи, пренесува Танјуг.
Како што пренесува „Телеграф.рс“, децата биле на возраст од шест месеци, две, три и четири години.
Пожарот бил пријавен во 07:24 часот. Припадниците на Министерството за внатрешни работи, Секторот за вонредни состојби во Нови Пазар, веднаш по пријавата излегле на местото на настанот за една минута и за неколку минути пристигнале, каде што констатирале пожар кој веќе бил во фаза на беснеење.
Пожарникарите на местото на пожарот пристигнале за четири минути, но веќе било доцна, децата не можеле да се спасат. Таткото и мајката на децата се во болница, со сериозни изгореници и се во тешка состојба.
Причината за пожарот се уште не е позната.
фото: Блиц.рс