Четири деца, меѓу кои и едногодишно бебе, се ранети во пукање на популарна плажа во Флорида.
Пукањето започнало по расправија меѓу две групи мажи на Холивуд Бич Бродвок, соопшти полицијата.
Сведок кој минувал покрај Бродвок изјавил дека неколку мажи се скарале на редот пред продавниците и дека едно од лицата почнало да пука со огнено оружје. Жртвите биле ранети во вкрстен оган, кога другата група одговорила со пукање.
Полицијата соопшти дека едно лице поврзано со престрелката е уапсено, додека други се трага. Властите објавија и фотографии од луѓе за кои веруваат дека се вмешани во пукањето, иако не кажаа точно колку вооружени лица има, пишува NY Post.