Покрај тоа што е многу вкусно и еден од нашите омилени зачини, ориганото има и многу различни придобивки кога е во прашање нашето здравје.
Како што пишува Medical News Today, има неколку придобивки од редовното консумирање на овој зачин, кој најчесто се става на пица или се користи при подготовка на сос за тестенини.
Најновото истражување покажа дека ориганото содржи големи количини на антиоксиданси кои, меѓу другото, го штитат нашиот организам од разни болести.
Од античко време, луѓето го користеле ориганото во хербалната медицина за лекување на многу болести, вклучувајќи рани на кожата, болки во мускулите, астма, варење и симптоми на настинка.
Исто така, ориганото има и други придобивки за нашето здравје, кои го вклучуваат следново:
– има антиинфламаторно дејство
– го забрзува метаболизмот и промовира губење на тежината
– го потиснува апетитот
– го намалува ризикот од рак
-го намалува крвниот притисок.
Диететичарите исто така нагласуваат дека соединенијата во ориганото можат да помогнат во контролата на дијабетес тип 2.
Студиите на оваа тема покажаа дека редовното консумирање оригано може да ја подобри отпорноста на инсулин, како и да го регулира изразувањето на гените кои влијаат на метаболизмот на мастите и јаглехидратите. Може да влијае и на реставрација на оштетеното ткиво на црниот дроб или бубрезите, пренесува Index.hr.