ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ЗА ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка по повод 24 мај, денот на  сесловенските просветители  Кирил и Методиј.

– На сите просветни работници, ученици и на сите граѓани на  Општина Охрид  им  го честитам 24 мај, Денот на сесловеснките просветители Светите браќа Кирил и Методиј.

Благодарение на нивната   извонредна   просветителска  дејност, денес го имаме најголемото духовно богатсво  јазикот и идентитетот. Писменоста на еден народ е најголемата и најважната придобивка на цивилизацијата.

 Создавајќи ја првата азбука глаголица,  Кирил и Методиј   ги поставиј темелите за  описменување на словенските народи.

Нека е вечно нивното име затоа што на основите на  глаголицата се создаде кирилицата со што се обезбеди стандардизација на македонскиот јазик и писмо. Благодарение на нивното дело и ние Македонците, како дел од словенското семејство народи имаме можност и благослов на мајчин јазик да ја развиваме својата култура, уметност, образование и наука– стои во честитката на градоначалникот Пецаков.

Share This Article