– Драги сограѓани од муслиманска вероисповед, нека Рамазан Бајрам, по светиот месец на постот, кај сите муслимани мине во семејна среќа, со добро здравје, хармонија, љубов, почит и меѓусебно пријателство, во духот на вистинските вредности и традиционално добриот соживот кој години го негуваме во Охрид.
Овој празник е потсетник дека само со заеднички заложби и меѓусебна почит ќе можеме да ги одржиме живи вредностите што нè обединуваат и ни обезбедуваат меѓучовечко разбирање и поубава иднина.
Посакувам Рамазанс Бајрам да го дочекате во добро здравје и расположение, стои во честитката на градоначалникот Кирил Пецаков.