ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ПО ПОВОД 8. АПРИЛ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Градоначалникот Кирил Пецаков, по повод 8. Април – Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница.

Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам искрени честитки по повод 8. Април – Меѓународниот денот на Ромите, со желби за многу успех, просперитет и личен развој.

Во оваа прилика ја искажуваме нашата голема почит за придонесот на Ромската заедница во градењето на нашето општество. Уникатните ромски традиции, јазик и уметност претставуваат многу важен дел од нашиот културен мозаик.

Нека Меѓународниот ден на Ромите биде можност да го почитуваме и прославиме богатството на различноста и да се обединиме во борбата против сите форми на дискриминација. Во духот на заедништвото и единството да продолжиме да работиме за подобра иднина на Охрид и Република Македонија!, стои во честитката на градоначалникот Пецаков.

Share This Article