More

    Чешки европратеник предлага формирање Европска армија

    spot_img

    На Европа ѝ треба сопствена армија бидејќи не може да се потпреме на заштитата на Доналд Трамп, оцени чешкиот европратеник Микулаш Пекса. Тој реагираше на изјавата на најверојатниот републикански кандидат на американските претседателски избори Доналд Трамп. Трамп рекол дека доколку биде реизбран за претседател, САД би можеле да не ги заштитат од евентуален руски напад оние сојузници во НАТО кои „не трошат доволно за одбраната“.

    Според Пекса, кој доаѓа од редовите на чешката Пиратска партија, таквата заедничка европска армија би можела да се финансира од Буџетот на ЕУ и да биде во надлежност на Европскиот парламент.

    – Така ќе нема потреба да се грижиме дали има мнозинство за 2% од БДП во 30 различни парламенти – додаде Пекса.

    САД, кои трошат значително повеќе за одбраната од другите сојузници во НАТО, инсистираат членките на Алијансата да ја исполнат договорената обврска за потребите на одбраната и да издвојуваат 2% од средствата од националниот БДП.

    Броењето на гласовите од вчера оддржаните претседателски избори во САД се уште е во тек, резултатот од гласањето е крајно неизвесен, но актуелниот претседател Доналд Трамп веќе го оспори избо

    Трамп викендов на изборен собир во Јужна Каролина порача дека земјите од НАТО кои не ги исполнуваат нивните обврски за одвојување парични средства за одбраната, не заслужуваат заштита од САД.

    И неговиот сонародник Александр Вондра европратеник од чешката Граѓанска демократска партија, се надворза на идејата на Пекса. Тој не се изјасни околу предлогот за европска армија, но порача дека Европа треба да ги зголеми своите трошоци за одбраната, без разлика на тоа кој ќе биде станарот во Белата куќа.

    – Ова е неодржливо на долг рок. САД се менуваат. САД повеќе не се главната сила која владее насекаде. Се разбира дека таквата Америка нема да сака да плаќа за одбраната на Европа на неодредено време. Треба да ги преиспитаме нашите чекори и да ја направиме одбраната еден од нашите врвни приоритети, напиша Вондра на платформата „Икс“.

    И претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел во реакција на изјавата на Трамп, ја нагласи потребата од зајакнување на европската одбрана. Тој оцени дека ваквите ставови повторно ја нагласуваат потребата ЕУ итно дополнително да ја развива својата стратешка автономија, да инвестира во својата одбрана и да ја одржи Алијансата силна.

    Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска  ќе престојува во работна посета на Северна Македонија, каде ќе има средби со високи претставници на земјава, на кои се очекува да се разг

    „Трансатлантската алијанса ги поддржува безбедноста и просперитетот на Американците, Канаѓаните и Европејците веќе 75 години. Невнимателните изјави за безбедноста и солидарноста на НАТО од Членот 5 им служат само на интересите на Путин и не носат поголема безбедност ни повеќе мир во светот“, напиша Мишел на „Икс“.

    Според Членот 5 од Договорот за НАТО, вооружен напад врз членка на Алијансата ќе се смета за напад врз сите земји на пактот и ќе резултира со колективна самоодбрана.

    Европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон, во чија надлежност во Европската комисија е ресорот „одбрана“, во интервју за француската телевизија ЛЦИ рече дека изјавата на Трамп не е „ништо ново под Сонцето“.

    Еврокомесарот за внатрешниот пазар на Европска Унија, Тиери Бретон, кој вчера учествуваше на министерскиот совет за туризам, изјави дека последици врз овој сектор ќе бидат огромни и дека Евро

    – Не можеме да „фрламе паричка“ за нашата безбедност на секои 4 години во зависност од овие или оние избори, пред се од претседателските избори во САД – рече Бретон, додавајќи дека ова треба да ги натера лидерите на ЕУ да сфатат дека Унијата треба да ги зголеми своите одбранбени трошоци и капацитети.

    – Не може еден ден да биде „да“, а друг ден „извинете, кој бевте вие“. Да бидеме сериозни! НАТО постои или не постои. Нема да губам време коментирајќи ја секоја глупава идеја што може да се слушне во оваа кампања – рече Борел, мислејќи на кампањата за претседателските избори во САД.

    Шефот на Европската дипломатија Жозеп Борел денеска изрази длабоко жалење поради одлуката на Иран да укине какво било ограничување за збогатување ураниум, како што е предвидено во договорот о

    Тој истакна дека во таа кампања „ќе слушнеме и видиме многу работи“, додавајќи дека треба да бидеме сериозни бидејќи НАТО не може да биде воен сојуз „по избор“ ни да зависи од расположението на американскиот претседател.

    На изјавата на Трамп вчера реагираше и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој оцени дека секоја сугестија дека сојузниците нема меѓусебно да се бранат, ја поткопува безбедноста на сите – вклучително и онаа на САД – а и ги става американските и европските војници во зголемен ризик.

    – Очекувам САД да останат силен и посветен НАТО сојузник, без разлика на тоа кој ќе победи на претседателските избори – изјави Столтенберг во писмена реакција по повод изјавата на Трамп, додавајќи дека секој напад врз Алијансата ќе биде проследен со заеднички и силен одговор.

    Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг нагласи дека оваа организација мора да ги намали своите „воени емисии“ на штетни гасови и да придинесе во глобалните напори во борбата против кл

    Полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш, чија земја оваа година се очекува да одвои речиси 3% од својот БДП за потребите за одбрана, порача дека мотото на НАТО „еден за сите, сите за еден“ подразбира конкретна посветеност.

    – Поткопувањето на кредибилитетот на сојузничките земји значи слабеење на целото НАТО. Ниту една изборна кампања не е изговор за играње со безбедноста на Алијансата – наведе Косињак-Камиш на „Икс“.

    Германското Министерство за надворешни работи, пак, на својот профил на „Икс“ објави: „Еден за сите и сите за еден“ со хаштаг „Посилни заедно“ (#StrongerTogether).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img