More

    „Чеченците тајно им се восхитуваат на Украинците“

    spot_img

    Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров заменува украински затвореници со Русија во замена за чеченски затвореници, пишува британски „Тајмс“. Весникот се повикува на изјавата на Петро Јаценко, портпарол на украинското тело задолжено за прашањата на воените заробеници.

    – Имаме случаи каде ранетите ги купувале од руската војска ги носеле во Грозни и потоа ги менувале за свои – тврди Јаченко.

    Се смета дека Чеченците имаат 10.000 борци но повеќето од нив не се на фронтот. Според „Тајмс“ ова е причината зошто тие не успеваат сами да заробат украински војници, туку мораат да ги купат од Русите за да ги спасат своите.

    Многумина веруваат и дека Чеченците тајно сочувствуваат со Украинците и им се восхитуваат што им се спротивставуваат на Русите, исто како што некогаш правеше „одметнатата чеченска провинција“, пред семејството Кадиров да склучи договор со Владимир Путин и да стане сојузник на Москва во замена за моќ.
    Според извештај на Обединетите Нации 92 отсто од украинските заробеници рекле дека биле мачени и дека мачителите од нив барале воени информации. Но истото го рекле и околу 50 отсто од руските заробеници.

    Сепак, украинскиот заробеник Вјачеслав Левицки(41) кој лани беше фатен кај Авдиевка за „Тајмс“ раскажува дека бил изненаден од третманот од Чеченците. Никој не го тепал, му дале инвалидска количка, а на излегување затворскиот чувар го прегрнал и се фотографирал со него.

    – Тој ми рече: „Откако ќе се справите со Русите, тогаш ќе ги отфрлиме и ние – вели Левицки.

    Левицки беше ослободен неколку месеци подоцна. Тој бил сместен во група од 60 Украинци кои требало да бидат разменети за пет Чеченци. Размената се одржа во јуни 2023 година.

    Размената на затвореници не е експлицитно забранета според Женевската конвенција, но постои одредба според која „не смее да има договори кои штетно би влијаеле на положбата на воените заробеници“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img