Тренерот на Барселона, Чави, ја презеде вината за ремито со Интер (3:3) во Лигата на шампионите.
– Игравме со добар став, но ако не успее одбраната, тогаш не успевам и јас. Ако грешат Пике, Бускетс, Педри или Дембеле, тогаш грешам и јас како тренер. За грешките на играчите сносам целосна одговорност. Во вториот дел не одигравме како што треба – изјави Чави.
По нерешениот исход, каталонскиот фудбалски гигант остана само со теоретски шанси да ја мине групната фаза.
По четири кола во Ц-групата во Лигата на шампионите, Баерн Минхен е прв со 12 бода, Интер има седум, Барселона четири, Викторија Плзењ е последна без освоен бод.
Фото: МИА