More

    Чави доби отказ во Барселона

    spot_img

    Легендата на Барселона, Чави Ернандез од следната сезона нема да биде на клупата на клубот кој го прослави и како играч и како тренер.

    Чави доби отказ и клубот нема да ја продолжи соработката со него, потврдија од Барселона.
    Во официјалното соопштение на клубот од „Камп Ноу“ се наведува дека Чави за последен пат ќе ја предводи Барса во натпреварот од 38. коло на Ла Лига против Севиља на гостински терен и дека тоа ќе биде негова можност да се збогува.

    Ден по објавувањето на отказот на тренерската функција, Чави Ернандез изјави дека со чиста совест го напушта клубот.

    „Совеста ми е чиста. Општо земено, среќен сум, направивме добра работа дури и ако не ги остваривме целите оваа година. Задоволен сум, благодарен“, рече Чави на прес-конференцијата, пред последниот натпревар на клупата на Барселона против Севиља.

    Претседателот на клубот Џоан Лапорта вчера го известил Чави дека нема да биде тренер во сезоната 2024/25.

    Чави изјави дека е „горд на сработеното“ и покрај празната и генерално разочарувачка сезона, иако, како што рече „не беше лесно поради ситуацијата во која се наоѓа клубот“, со оглед на тоа што финансиски сè уште е во минус.

    Тој повтори дека е благодарен на Лапорта и на бордот што му ја дале шансата да го тренира „клубот на неговиот живот“ и дека се надева дека ќе се врати еден ден, без разлика на позицијата.

    – Тие ја донесоа оваа одлука мислејќи на клубот и на фактот дека му треба промена на насоката, јас тоа можам само да го прифатам и да го почитувам – изјави Чави.

    Чави одигра 767 натпревари за Барселона во најдобриот период на клубот заедно со Лионел Меси и Андреас Иниеста. Тој со Барселона, меѓудругото, освои 8 титули во Примера и 4 во Лигата на шампионите.

    Според шпанскиот печат, на клупата на Барселона треба да го замени Ханси Флик.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img