Чадеж побара српските бизнисмени да бидат поактивни во тој процес

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Охрид е град со многу потенцијал за развој на туризмот и дава можности за нови заеднички инвестиции во регионот, изјави претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж, јави допсиникот на МИА од Белград.

За време на посетата на Охрид, тој за срспките медиуми изјави дека на територијата околу Охридското Езеро има многу простор за подобрување и проширување на сместувачките капацитети, но и дека туристичката понуда треба да се заокружи со нови капацитети кои би привлекле туристи од целиот свет.

На крајот на минатата недела Чадеж се сретна со претставници на стопанските комори на Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора по повод соработката во рамките на Коморскиот инвестициски форум (КИФ).

– Се договоривме дека би било добро да има уште подобри и поразвиени сместувачки капацитети и други содржини и на тоа секогаш можеме да работиме, а токму тоа го сакаат нашите стопанственици и во тоа гледаат потенцијал – кажа Чадеж.

Тој оцени дека, без разлика на светската криза, туристичката сезона во Охрид годинава е добра и дека има гости.

Share This Article