Тропската бура Офелија се очекува утринава да стигне до брегот на Северна Каролина, поради што се прогласени вонредни состојби во Северна Каролина, Вирџинија и Мериленд, соопшти американскиот Центар за урагани.
Во соопштението се наведува дека метеоролозите предвиделе дека бурата Офелија ќе предизвика поплави опасни по живот во источните делови на Северна Каролина и југоисточна Вирџинија.
Бурата засега има максимални постојани ветрови од 113 километри на час со повремени налети, но синоптичарите предвидуваат дека бурата ќе ослабне откако ќе стигне на копно во југоис