More

    Бура во светот на спортот поради допинг тестот на првиот светски рекет

    spot_img

    Ако одбиете да се тестирате, тестот е позитивен. Ѓоковиќ го одби тестот пред натпревар и мора да биде суспендиран, смета поранешниот француски велосипедист Марк Мадио упатувајќи жестоки критики за потегот на најдобриот свертски тенисер.

    Новак Ѓоковиќ беше повикан на допинг тест  пред мечот со Камерон Нори во Дејвис Купот. Тој се спротистави за тајмингот и сега кон него се насочи лавина од критики.

    – Секогаш поддржував да се тестирам јас или било кој, но не пред натпреварот. Што ќе промени? Ќе бидам тука, кога ќе заврши натпреварот, тестирајте ме. Ми преостанува вадење на крв. Се надевам дека ќе ја променат одлуката – изјави Ѓоковиќ по мечот со Нори во четвртфиналето од Дејвис Купот.

    Поради ова, српскиот тенисер деновиве трпи жестоки критики од светот на спортот, а сега се огласи и поранешниот француски велосипедист Марк Мадио, кој смета дека Новак треба да биде суспендиран бидејќи одбил комплетен тест.
    Мадио вели дека никој нема право да одбие тестирање и посочува дека има два вида на тестирање, пред и по натпреварот.

    – Имаме правило за контрола пред и по натпреварот. Тој одби тест пред натпревар. Ако антидопинг телото си ја врши работата, господинот Ѓоковиќ мора да биде суспендиран. Тој одбил тест пред натпреварот, а потоа направил. Во велосипедизмот се подвргнувате на тестот, ако одбиете, тестот е позитивен. Ако сте позитивни на тестот, ќе бидете казнети. Немате право да одбиете тестирање, тоа е правило – рече Мадио.

    Поранешниот француски велосипедист во интервју за „Радио Монте Карло“,  продолжи да го критикува првиот светски рекет, изразувајќи сомнеж во неговата постапка.

    – Во асортиманот на допинг производи постојат производи кои можат да се откријат за исклучително ограничено време. Ако не направите тест пред почетокот на натпреварот, времето додека се натпреварувате ви овозможува да ги елиминирате трагите од допинг производот. Затоа беше воведено тестирање пред натпревар. Нереално е да биде предупреден. Тоа веќе не е случајна проверка – смета Марк Мадио.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img