Бунтовниците однесоа сè од неговата вила во Дамаск

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Падот на сирискиот претседател Башар ал Асад е главна тема во последните денови, а луксузот во кој со децении живеел со семејството го запрепасти светот. Снимките од неговата гаража полна со луксузни автомобили, станаа вирални.

Американската телевизија Си-ен-ен влезе во палатата Асад и во гаражата со скапоцени автомобили. Шетајќи низ палатата на доскорешниот сириски претседател во Дамаск, репортерката Клариса Ворд дава увид во луксузниот живот на династијата Асад.

Палатата ја зазедоа џихадистичките сили откако поранешниот претседател пребегна во Русија.

На самиот влез во палатата е постелено иранско знаме за луѓето да мора да газат по него. Иран беше најтесниот сојузник на власта на Асад. Низ палатата се гледа како спијат милитантите. Се гледа и нивното оружје. Еден милитант од репортерката побара да стави марама. Репортерката Ворд рече дека тоа е првпат откако дошла во Сирија некој да побара да ја покрие косата.

– Да се стои во оваа палата по речиси 14 години брутална граѓанска војна е горд момент кој ја заокружува сеизмичката победа – оценува репортерката.

 

Во гаражата има повеќе луксузни автомобили, ферари, астон мартин, ламборџини и колекција класични кадилаци.

Репортерката истакнува дека ова е само една од повеќето гаражи, од кои една е преполна со блиндирани автомобили.

Во семејната куќа на соборениот сириски претседател во луксузниот кварт во Дамаск, новинарите пронајдоа многу семејни фотографии, документи, кутии за накит, подароци, антиквитети, скапа гардероба…

- Advertisement -
Ad image

Овие работи Асадови ги оставиле во вилата по бегството од земјата, а според пишувањето на новинарите на Скај њуз, по расфрланите предмети се гледа дека семејството набрзина ја напуштило куќата.

Во таа куќа, една од многуте што ги имал Асад, тој живеел со семејството. Тоа што е откриено внатре било вчудовидувачко.

- Advertisement -
Ad image

На горниот кат на куќата се пронајдени гардероба од скапи марки, антиквитети, многубројни кутии за накит, а на долниот кат на куќата се пронајдени пликови со документи, но и банкарски сметки со неверојатни суми пари на моминското име на сопругата на Асад, Асмин.

Инаку, таа во интервјуата инсистираше дека Асадови живеат живот на средната класа, но откритијата во куќата говорат дека тоа било далеку од вистината.

– Асадови очигледно избегале набрзина. Во оваа нивна семејна куќа пронајдовме каде Асмин ги чувала своите драги спомени на семејниот живот што го оставиле зад себе. Тука имаше подароци што ѝ ги направиле децата во училиште, семејни фотографии на Асад од одмор, подводни фотографии на тиранинот од Дамаск како плива и едри на штица. На една полица најдовме фотографии од венчавката на Асмин и Башар. Таа со обожавање го гледа во очи. Ја довел во Дамаск од нејзиниот живот во Лондон во нов живот во Сирија – наведува новинарот на Скај њуз.

Како што се наведува, сега се поставува прашањето што ќе се случи со овие нејзини пари и со парите на нејзиниот сопруг.

Луксузот во палатата ги разбесни бунтовниците кои целосно ја ограбија.

На едно видео се гледа стаклен ѕид со прекрасен поглед, клупа, разбој, душеци, велосипед за вежбање… Бунтовниците кои упаднаа во салата на Асад дополнително збеснаа кога сфатија дека таа продолжува во џиновски стан во кој другата бања е целата во мермер.

Бунтовниците и жителите на Дамаск однесоа сè, од вазните и приборот за јадење, до луксузниот мебел и килимите и скапата брендирана гардероба на Асадови.

Share This Article