Букова „даска“ од шест метри е искористена за белата овална маса во Кремљ на која Владимир Путин од далечина ги дочека Емануел Макрон и Олаф Шолц,

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Букова „даска“ од шест метри е искористена за белата овална маса во Кремљ на која Владимир Путин од далечина ги дочека Емануел Макрон и Олаф Шолц, а ја изработила мала италијанска семејна компанија под името „Даб“ меѓу 1995 и 1997 година. Од компанијата раскажуваат како тогаш требале да опремат 70 соби на два ката во Кремљ кои биле целосно уништени од Сталин, а сакале да личат на ентериерот од времето на цар Николај, односно од пред револуцијата, пишува Вијести.

Резултатот? Оваа маса денес би чинела околу 100.000 евра да се изработи и излакира во масивно дрво. Има позлатени рабови и се потпира на три големи ногарки. Значи, не, масата не е онаа од Тајната вечера, ниту е клацкалка, како што луѓето се подбиваа на социјалните мрежи. Ренато Полоња од компанијата се сеќава на времињата кога масата била правена. Таа не е ниту најголемата маса во Кремљ.

– Маса е само „врвот на ледениот брег“. Вкупно направивме мебел за околу 70 соби. Има и поголеми маси – изјави Ренато за Ројтерс.

Барокниот вкус на руските цареви е добро познат во Кремљ. Но, интересно е тоа дека масата е правена во време кога претседател на СССР беше Борис Јелцин. Целиот договор со компанијата бил вреден денешни 40-50 милиони евра. Мебелот е првин склопен во Италија, па донесен во Русија. Денес, фирмата „Даб“ брои само 50 вработени.

– Доколку сакате да купите нешто слично денес, тоа би чинело околу 100.000 евра. Беше прекрасно да се видат фотографии од масата насекаде по медиумите. Да се надеваме дека тоа ќе донесе среќа и ќе спречи војна – велат од компанијата.

„Даб“ некогаш работела во разни делови од светот, вклучувајќи ги кралските палати во Брунеи и во Тајланд.

– Ова е најдоброто од Италија – семеен бизнис каде вештините се пренесуваат од генерација на генерација – заклучи Полоња.

Ако шестметровата маса не е најголемата во Кремљ, колкави се другите? Едно е сигурно, пред да биде внесен целиот тој мебел на 7.000 метри квадратни, бил специјално проверуван за грешки во димензиите.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply