More

    БУГАРСКОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ ТВРДИ ДЕКА НЕ ОДБИЛО СРЕДБА СО МАКЕДОНСКОТО

    spot_img

    Лага и манипулација се тврдењата на вицепремиерот и министер за транспорт на Република Северна Македонија, Александар Николоски, дека Бугарија го одбила предлогот за средба во Скопје во врска со Коридорот 8, соопшти бугарското министерство за транспорт и врски.

    „Министерството за транспорт и врски со жалење, но без изненадување, констатира уште една политичка интрига и злоупотреба на конструктивниот пристап на Бугарија. Изјавата на Николоски во Парламентот на РСМ дека Бугарија го одбила предлогот за средба во Скопје е лага и манипулација“, соопшти министерството.

    Оттаму потенцираат дека поканата за оваа средба е добиена после изјавата на Николоски.

    „Бугарија не одби, туку ќе даде одговор, откако заедно со ЕК и европските финансиски институции ќе ги добие коментарите на Скопје за документот од техничкиот состанок во Софија, што се одржа на 31 октомври 2024 година“, изјавиле од бугарското министерство.

    Бугарската страна одговара дека „некоректниот и непрагматичен пристап на Скопје нема да доведе до резултат“.

    „Бугарија јасно ги посочи своите рокови и обврски за изградба на трасата на нејзина територија. Бугарија заедно со своите партнери ќе остане фокусирана на реализација на овој стратешки коридор“, потенцираат од Министерството за транспорт и врски.

    Министерот Александар Николовски вчера на собраниската седница за пратенички прашања рече дека во врска со изградбата на третата фаза, бугарската страна побарала планираната средба за неделава да се одложи за наредната недела.

    – Во однос на аргументи, фудбалски кажано Бугарија ги добивме со 3-0. Очекувам да соберат храброст да се одржи и третиот состанок кој беше договорен, еден имаше во Брисел, еден во Софија. Неделава требаше да е во Скопје, сега замолуваат за следната, па за следната. Нека соберат храброст нека дојдат да ја затвориме оваа тема и еднаш засекогаш ова прашање да се затвори, затоа што нашите аргумети се јасни и тие стојат – мора да се направи ревизија на цената, бидејќи е невозможно 560 милиони евра да чини изградба на пруга сосе електрификација, мора да има заедничко проектирање на потенцијалниот тунел што треба да ги спојува двете држави и да си го завршат нивниот дел од работата, односно да се спојат до граница – рече Николоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img