Бугарските пратениците одобрија купување осум нови борбени авиони Ф-16. Одлуката е усвоена со 162 гласа „за„ и 49 против. Воздржани беа 11 пратеници.
„За„ гласаа ГЕРБ-СДС, „Продолжуваме на промената”, ДПС, „Демократска Бугарија” и „Бугарски подем”. Против гласаа пратениците на БСП и Преродба.
Со донесувањето на одлуката, народните избраници му дозволуваат на Министерскиот совет да подготви договори за трансакцијата.
Вкупната сума е 1.296.412.185 долари.
ФОТО: Твитер