Бугарскиот тениски судија Павел Атанасов доби доживотна суспензија од белиот спорт поради 21 прекршување на тениската антикорупциска програма

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бугарскиот тениски судија Павел Атанасов доби доживотна суспензија од белиот спорт поради 21 прекршување на тениската антикорупциска програма, соопшти Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА).

Атанасов првично ги отфрли обвинувањата пред да ја повлече жалбата, а потоа призна дека е виновен за прекршувањата. Покрај доживотната суспензија, Атанасов доби и парична казна од 10.000 долари.

Бугарскиот судија се изјаснил за виновен за бројни прекршувања на тениската антикорупциска програма во периодот помеѓу 2019 и 2023 година, вклучително и манипулација со податоци за резултатите од натпреварите со цел обложување, олеснување на обложување, корупција, обложување на тениски натпревари и непријавување корупција.

Share This Article