Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов им се враќа на своите дипломатски должности во Северна Македонија во полн капацитет, е известувањето кое денеска пристигнало во македонското МНР, дознава „360 степени“.
Амбасадорот Ангелов денеска во Скопје пристигна со бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, кој се сретна со македонскиот колега Оливер Спасовски, и практично останува во земјава.
Бугарското МНР минатата недела го повика Ангелов на консултации во Софија поради, како што информираа оттаму, сериозната состојба во однос на правата на Бугарите во Северна Македонија и ескалацијата на актите и злосторствата од омраза против нив во последните месец.