Бугарскиот писател Стефан Цанев минатата недела говорејќи за односите на неговата земја со Македонија, пеизна дека тие имаат големи гревови кон соседната земја и оти е оправдата омразата на Македонците кон Бугарија.
На новинарското прашања на бугарската телевизија БГНЕС, дали тој верува дека нешто може да ја победи омразата која е на 100 километри од Софија, Цанев одговори:
– Стравувам да зборувам за темава затоа што е болна. Но има една максима: „При проблем меѓу двајца, ако отстапи послабиот, тоа е пораз. Ако отстапи посилниот, тоа е благородно“. Во Македонија има основа за омраза кон Бугарија – рече Цанев.
Според него, најлошто кое треба да го гледаме со отворени очи е она што, како што наведе, сме го правеле во 1943 година кога сме ја претставувале фашистичката власт на Германија.
– Тоа дека ние не сме учестувале во Втората светска војна со војска не е точно. Ние учестувавме во окупацијата на Балканскот полуостров со армија од 200.000 луѓе, а со 50.000 војници во Македонија – истакна Цанев.
На крајот од интервјуто Цанев рече:
„Има многу убиени. Сфаќате ли? Зборувам со многу болка. Но, не е во ред тоа да не биде… ова е главната причина. И можеби треба да се извиниме. Не знам како тоа да се случи“.