Бугарската министерка ги откри позициите на Софија во Брисел

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вклучувањето на бугарското малцинство во уставот на Македонија нема да биде доволен за кревање на ветото на Софија за Скопје, појасни денеска бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска пред бугарските новинари во Брисел, јавува 24часа. Таа потврди дека притисокот врз Софија е голем, но дека ставот на Бугарија е еден.

– Има претставници на кабинетот и различни институции кои, се надевам, веќе разбраа дека Бугарија не може да има две надворешни политики. Ако има некаков напредок за тоа како ќе се развиваат нашите односи со Северна Македонија во иднина, сето тоа ќе помине низ одлука на Националното собрание – порачува министерката.

– Ќе продолжиме да објаснуваме каков е нашиот став, што очекуваме од преговарачкиот процес и какви гаранции сакаме да бидат вклучени во преговарачката рамка – додава Генчовска во пресрет на посетата на Оливер Вархеји во Софија.

На прашањето дали може да се очекува напредок во јуни министерката изјави:

– Од самиот почеток, целиот процес се заснова на сопствените заслуги на Северна Македонија, на ниту еден начин врзан за датуми.

Share This Article