Бугарската фондација избриша дел од својата објава

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Фондацијата „Бугарска меморија“ ги избриша фотографиите од директорката на Техничкото училиште во Битола Жанета Сервини и заменикот Љупчо Здравковски, како и дел од текстот на интернет страницата на Фондацијата, каде тие беа спомнати, објави Сдк.мк.

До вчера во истата објава пишуваше дека македонски студенти кои се истомисленици на клубот Иван Михајлов“ биле во посета на Бугарија, а таму пристигнале и првите луѓе на Техничкото училиште „Ѓорги Наумов“, Битола кои го посетиле приватното основно училиште „Цар Симеон Велики“ во село Ивањане. Денес овој дел од информацијата е избришан и Сервини и Здравковски воопшто не се спомнуваат.

Фондација денес излезе со соопштение дека ги осудува неправедните обвинувања во медиумите кон директорите и дека чиста случајност е тоа што нивната посета на приватно училиште се поклопила со посеатата на македонски студенти на покана на Милен Врабевски и бугарската фондација.

„Г-ѓа Сервини и г-ин Здравковски беа во Бугарија на покана на приватно училиште „Цар Симеон Велики“ за планирање на заеднички проекти според Еразмус + програмата. Нагласуваме дека тие не се дел бугарското здружение во Битола. Тие никогаш и не беа и никогаш не кажавме дека е тоа така“, напишаа денес од Фондацијата.

Во меѓувреме и директорката Сервини, а и Техничкото училиште се огласија со демант во кој се вели дека не се вистинити објавите низ некои македонски медиуми за присуство на ученици од Техничкото училиште од Битола во Бугарија.

Share This Article