Бугарин е уапсен во Кавала

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во Кавала денеска уапсен е 35-годишен странски државјанин кој на јужната страна од пристаништето, го симнал грчкото знаме од јарболот, го фрлил и подигнал знаме на друга држава, соопштија од Крајбрежната служба на Грција, додека пак според медиумите станува збор за Бугарин, кој грчкото, го заменил со бугарско знаме, јави дописничката на МИА од Атина.

Според соопштението од Крајбрежната служба, веднаш откако ги сменил знамињата, 35-годишниот побегнал, не ги почитувал наредбите на пристанишните власти, давајќи силен отпор при апсењето и навредувајќи ги надлежните.

Грчката новинска агенција АНА-МПА пишува дека освен што ги навредувал надлежните извикувал дека конкретните области ѝ припаѓаат на Бугарија, а според информациите на агенцијата, ова е втор сличен инцидент за уапсениот, кој најверојатно е член на „екстремистичка организација која смета дека Кавала и грчкиот регион источна Македонија ѝ припаѓаат на Бугарија, а не на Грција“.

Share This Article