More

    Бугарија се согласи да обезбеди ракети за Украина

    spot_img

    Бугарскиот претседател Румен Радев обвини дека новата влада ја турка Бугарија поблиску до војната со помагањето на Украина во конфликтот со Русија. Некои бугарски политичари, вели тој, на оваа војна гледаат како да се во театар и удобно се сместиле во публиката, а се во заблуда дека ќе останат само гледачи.

    – Не сметам дека е соодветно политичарите со скромна изборна поддршка да зборуваат и да преземаат толку тешки обврски во име на Бугарија. Во интерес на цела Европа е веднаш да ги прекине непријателствата и да ги бара сите можни начини за обновување на дијалогот и мировните преговори наместо да се поттикнува конфликтот со ново оружје – истакна бугарскиот претседател.

    Земјите од Европската Унија во мај годинава го финализираа договорот за испраќање на Украина над еден милион гранати од 155 милиметри и проектили. Радев, пак, пред неколку дена го оцени како погрешно приклучувањето на Бугарија на договорот за обезбедување ракети на Украина и ги повика владата и Министерството за одбрана да се грижат повеќе за бугарската армија, а не за странските вооружени сили.

    Лидерот на владејачката ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов ги отфрли овие обвинувања на Радев.

    – Ние во никој случај не ја туркаме земјата во војна. Немам причина да зборувам во име на Владата, можам да зборувам само во името на мојата пратеничка група. Целиот демократски свет ѝ помага на Украина на кој и да е начин – истакна Борисов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img