Бугарија од 13 октомври воведе такса на транзит на приорден гас од 20 лева (10,23 евра) за MWh, објавија бугарските медиуми. Таксата е воведена преку Законот за контрола на спроведувањето на рестриктивните мерки против Русија и се однесува на увоз и транзит на суровина. Воведувањето на таксата доби зелено светло и од бугарскиот парламент.
Надоместокот се однесува само за природен гас, а не и за течен гас, што најверојатно ќе се однесува и за природниот гас кој го увезува земјата од Русија преку гасоводот низ Бугарија.
Посебен проблем е што новото поскапување на увозот на гас би го оптоварувало работењето на стопанството кое го користи овој енергенс во својот производствен процес. Најголемиот производител на топлинска енергија Те-То исто така користи природен гас кој се увезува преку гасоводите кои поминуваат низ Бугарија. И ова се очекува да влијае на новата цена на парното која ќе биде утврдена откако ЕСМ ќе ги постави цевките за гас на мостот Беласица кои беа оштетени од пожар.
Србија и Унгарија веќе реагираа дека оваа такса ќе ја зголеми цената на гасот кој се увезува преку гасоводот „Балкански тек“, но нема реакција и од нашата влада иако транзитот на природен гас во земјава се врши преку гасоводите кои минуваат низ Бугарија, а земјава остана само со еден прилчучол до тие гасоводи.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто објави дека Србија е подготвена да го зголеми дотурот на руски гас преку својата територија за Унгарија, доколку Украина го запре транзитот на руски гориво во Европа.
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе разговара со неговиот бугарски колега Румен Радев по повод зголемувањето на транзитните такси за рускиот гас, кои беа одобрени од парламент.
-Ова е голем проблем за нас. Тоа ќе доведе до драстично зголемување на цената на гасот за дополнителни 100 евра за 1000 кубни метри гас. Тоа е застрашувачки пораст, ќе разговараме. Ова не треба да важи за Србија – изјави Вучиќ.
Пресметките во Србија се деа и во откупните цени на рускиот природен гас за Србија да останат исти, тоа исто така би значело дека сметките за потрошувачи во малопродажбата ќе се зголемат до 20% врз основа на оваа такса.