More

    Бугарија нема причина да го укине ветото за Македонија

    spot_img

    Неопходно е да се свика ново заседание на бугарскиот Консултативен совет за национална безбедност посветено на темата за Северна Македонија, бидејќи тоа прашање е „доволно контроверзно“ и само претседателот на Бугарија, Румен Радев може да ги собере сите партии на една маса за да разговараат за него, изјави потпретседателот на бугарското Собрание, Кристиан Вигенин.

    Вигенин, кој е член на Бугарската социјалистичка партија (БСП) и поранешен министер за надворешни работи, смета дека заклучоците на Советот би можеле потоа да бидат поддржани со одлука на Собранието или Владата на Бугарија.

    – Да видиме дали имаме нешто конструктивно и позитивно со што можеме да излеземе и што ќе го гарантира нашиот долгорочен интерес како држава – истакна Вигенин во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ).

    Запрашан дали бугарското Собрание би требало да донесе нова декларација во врска „со прашањето за Република Северна Македонија, Вигенин вели дека не знае дали е време за нешто такво, во услови кога нема нов момент во однос на темата.

    Тој сепак смета дека е неприфатлив ставот на премиерот на Бугарија, Кирил Петков да се свика ново заседание на Советот само за да се види дали има некаков позитивен план за развој на односите, бидејќи не може само „да се седи од двете страни на границата и да се чека нешто да се случи“.

    Вигенин смета дека во моментов Бугарија нема причина да го укине ветото за старт на преговорите за членство на земјава во ЕУ, бидејќи, како што вели, до „денешниот датум не е постигнат никаков напредок“.

    – Денеска немаме причина да кажеме дека треба да се укине ветото. Ако ништо не се случи, нема шанси да го укинеме ветото. Ние мора да ги оствариме нашите цели. Тоа е ставот на БСП – додаде Вигенин.

    БСП, чиј лидер е вицепремиерката и министерка за економија и индустрија Корнелија Нинова, е втора по големина партија во бугарската владина коалиција, предводена од Продолжуваме со промената на премиерот Кирил Петков.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img