More

    Бугарија ќе ја одложи или целосно ќе се откаже од таксата за транзит на руски гас низ нејзината територија во замена за повлекување на забелешките кои ги имаат Австрија и Холандија за приклучување на земјата во Шенген зоната

    spot_img

    Бугарија ќе ја одложи или целосно ќе се откаже од таксата за транзит на руски гас низ нејзината територија во замена за повлекување на забелешките кои ги имаат Австрија и Холандија за приклучување на земјата во Шенген зоната. Преговорите околу тоа се водат во Словенија помеѓу министрите за внатрешни работи на Австрија, Бугарија и Романија, објави телевизискиот канал БНН на Блумберг.

    Според медиумот, воведувањето на данокот предизвика загриженост во цела Југоисточна Европа, поради што Унгарија го нарече потегот на Бугарија „непријателски“ и ја повика ЕУ да спроведе истрага. Овој данок неминовно доведува до поскапување на гасот.

    Оваа намера на Бугарија ја соопштија Бојко Борисов и Кирил Петков, поранешни премиери и лидери на двете најголеми партии во земјата пред состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите од Централна и Источна Европа што се одржува во Словенија, а на кој ќе се разговара и за Шенген и за борбата против нерегуларната миграција.

    – Се бара решение за одложување на наплатата за пренос на гас, во однос на што ќе се следи заедничкиот европски пристап. Тоа не треба да биде еднострано од страна на Бугарија, туку да се работи со ЕК – изјави Петков.

    Борисов, пак, изјави дека добрососедските односи за Бугарија биле приоритет.

    -Не треба да ја пропуштиме оваа шанса поради данокот – рече Борисов.

    Се проценува дека Бугарија не добила многу од воведувањето на таксата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img