Бугарија и Романија во чекалната за влез во Шенген-зоната

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Европскиот парламент на денешната седница ќе расправа за пристапување на Бугарија и Романија во Шенген-зоната, при што се очекува европратениците да побараат проширување на областа на слободно движење за да ги вклучи сите земји-членки на ЕУ што сакаат да бидат вклучени во неа.

Освен Бугарија и Романија,  надвор од Шенген се и Хрватска, Кипар и Ирска.

Тоа не се први дебати во Европскиот парламент на кои се упатува повик Бугарија и Романија да се вклучат во областа на слободното движење. Апел имаше и во резолуциите усвоени во 2018 и 2020 година, како и во минатогодишниот из ештај за функционирањето на Шенген-зоната. Европската комисија, исто така, во повеќе наврати апелираше за влез на Бугарија и Романија во зоната.

За тоа да се случи е неопходна едногласна согласност во Советот на ЕУ.

Прашањето не беше приоритет на француското претседателство во Унијата што заврши на крајот на јуни, а администрацијата на претседателот Емануел Макрон беше на мислење дека пред приемот нови членки треба да се спроведат реформи во Шенген-зоната.

Холандија и натаму се спротивставува на приемот нови членки.

Share This Article