Бугарија денеска испраќа три генератори за електрична енергија на три гранични пункта со Република Македонија, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев.
Трите генератори Демерџиев ги најави во саботата, за време на престојот во Скопје, по повод одбележувањето 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, по информациите дека бугарски граѓани не можат да ја поминат границата зашто е паднат системот за проверка на лични документи поради прекин во напојувањето со струја.Во изјава за новинарите во Софија, тој рече дека дијалогот со Македонија продолжува, нагласувајќи оти „насилството и провокациите треба да прекинат бидејќи раѓаат ново насилство и провокации и тој маѓепсан круг мора да се прекине“.
Демерџиев тврди дека не му бил даден ниту еден доказ дека на 4 февруари на граница имало луѓе кои имале радикално однесување. Според него, немало причина да се спречуваат луѓето кои сакале да дојдата во Скопје за „да положат цвеќе“.