More

    Буџетот на ПИОМ за 2025 година ќе тежи скоро 2,3 милијарди еврa

    spot_img

    Новиот уџет за 2025 година на државниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), во однос на сегашниот, ќе се зголеми за 376 милиони евра. Според поставените буџетски проекции адресирани до Министерството за финансии, ПИОМ до година предвидува поголеми приходи и трбошења во однос на годинава, пишува Порталб.мк.

    Само за алиментирање на „социјалните бенефиции“, со кои се опфатени и пензиите, во 2025 година ќе се потрошат 2,2 милијарди евра. ПИОМ на ниво на државата е институција со најголем годишен буџет.

    Зголемени пензии, зголемен број на пензионери, повеќе приходи од раст на платите

    Во документот на ПИОМ адресиран до Министерството за финансии се наведува дека следната година, за да се финансираат сите планирани расходи, касата на државниот фонд треба да „тежи“ фантастични 2 278 073 000 евра што е за 376 331 000 евра повеќе во однос на проектираните трошења за годинава.

    Зголемениот буџет на ПИОМ пред сè е поради најавеното ново линеарно зголемување на пензиите, но раст има кај речиси сите трошковни ставки. Така најголемата ставка „социјални бенефиции“ која ги опфаќа и пензиите се зголемува на 2,2 милијарди евра.

    „Во 2025-та расходите за пензии се планираат да се зголемат и тоа по основ на усогласување на пензиите и согласно планираниот пораст на нови пензионери во 2025-та од 0,9%“, се наведува во предлог-буџетскиот документ.

    Следната година 78,1% од вкупните расходи на ПИОМ ќе завршат за исплата на пензии.

    За „плати и надоместоци“ сумата се зголемува на 6,3 милиони евра како сумата за вкупната администрација која ќе достигне 10 милиони евра. Ставката „стоки и услуги“ следната година е проектирана да се качи на 2,6 милиони евра при што се предвидуваат зголемени трошоци за комуналии, договорни услуги, за материјали и ситен инвентар, додека „капиталните расходи“ (вклучени и капиталните расходи од посебниот буџетски дел) во 2025-та е предвидено да се зголемат на 2,1 милиони евра. Единствена ставка на расходната страна која се предвидува да се намали е „субвенции и трансфери“ со проектиран износ од 540 000 евра.

     

    Раководството на ПИОМ предвидува зголемени трошења но и амбициозни проекции за зголемени приходи во фондовската каса. Според контурите на новиот Буџет на ПИОМ, следната година клучните „даночни приходи“ се очекува да се зголемат на 1,3 милијарди евра, при што износот на наплатените придонеси се очекува да се зголеми по два основи, натамошен раст на бруто-платата и пораст на вработеноста за 3,2% во 2025-та. Следната година „неданочните приходи“ се проектирани да достигнат износ од скоро 11,4 милиони евра. Редовната исплата на пензии и натаму останува условена од државната „инјекција“. Следната година државниот ПИОМ преку „трансфери“ (сите нивоа на власт) очекува 939 милиони евра што е за дури 245 милиони евра повеќе во однос на трансферите предвидени за годинава.

    „Во вкупните приходи на ПИОМ најголемо учество имаат изворните приходи кои се застапени со 57,11% а средствата од Буџетот учествуваат со 41,22%“, се наведува во документот.

    Годинава според проценките од ПИОМ ќе заврши со 340 854 пензионери а следната ќе има 343 992 корисници на пензија што е за 0,9% повеќе во однос на годинава додека пак висината на просечната пензија во декември 2025-та треба да достигне 26 327 денари.

    Овој месец пензионерите добија по 2 500 денари линеарно зголемување кое ја продлабочи дупката во фондовската каса за 80 милиони евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img